Британецот Џим Филипс никогаш не ја заборава годишнината од бракот. Се венчал со сопругата Меј на Божик пред 75 години. Го одбрале тој ден за да заштедат на двојни подароци. Се запознале 1928 година, а се венчале шест години подоцна. Не можеле да си дозволат венчавка бидејќи Џим заработувал само 3,41 фунти неделно.
Сега живеат во старечки дом во Беркшир. Се надеваат дека нивната приказна ќе инспирира други бракови. Имаат две деца и три внуци. Сите се во среќни бракови. Најдолгиот британски брак го имале Томас и Елизбет Морган. Траел 81 година и 260 дена.