Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд експресно ја одби понудата вредна 78 милиони фунти од Манчестер Јунајтед за англискиот репрезентативец Жадон Санчо.

„Милионерите“ јасно ставија до знаење дека цената за 21-годишниот фудбалер е 90 милиони фунти и не сакаат ништо подолу од тоа, пренесува „Билд.де“.

Санчо преку својот агент ги договорил личните услови со Манчестер Јунајтед, а клубот од „Олд Трафорд“ за официјализирање на трансферот треба да ја плати бараната цена од германскиот состав.

Трансфер сапуницата најверојатно ќе продолжи после Европското првенство, кое денеска офијално стартува.

OhridNews