Хјугета Кларк водела повлечен живот, а откако неодамна починала во својата 104 година, било откриено дека за наследник ја именувала болничарката која е единствената личност која ја видела во последниве 80 години. Таа живеела во огромна вила во Њујорк, а во последниве 80 години воопшто не излегувала освен кога морала да оди на лекар.
Своето огромно богатство од 400 милиони долари воглавно го распоредила на разни уметнички здруженија и галерии, а 30 милиони и оставила на болничарката која ја посетувала во последниве 20 години. Хјугета поседувала огромна колекција кукли кои ги нарекувала свои деца, а нејзиното семејство се збогатило благодарение на рудниците кои ги поседувале во Монтана.