Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини низ земјава е зголемен.
Според најновите податоци добиени утрово, на граничниот премин Богородица за излез од државата возилата чекаат до 30 минути.На останатите гранични премини и покрај зголемената фреквенција на возила, задржувањата се до 15 минути. Од АМСМ напоменуваат дека информациите се однесуваат само за македонската страна на премините.
OhridNews