Најбогатиот човек на светот, Џеф Безос денеска ќе се одлета во вселената со ракетата “New Shepard” од сопствената компанија “Blue Origin” како дел од историскиот суборбитален лет кој претставува почеток на нова ера на приватни патувања во вселената.

Америчкиот милијардер ќе полета од пустина во западен Тексас, а патувањето до вселената ќе трае 11 минути. Девет дена порано, британскиот ривал на Безос, Ричард Брансон бил член на екипажот на успешниот инаугурален суборбитален лет на конкурентската агенцијата Virgin Galactic од Ново Мексико.

Брансон прв пристигна во вселената, но Безос ќе лета понатака. Тој ќе се издигне 100 километри од површината на земјата, додека Virgin Galactic се искачи до 86 километри.

Безос на патувањето ќе биде придружуван од астронаутот Вили Фанк, кој со своите 82 години ќе биде најстарата личност која била во вселената.

 

OhridNews