Далеку понеизвесен и поинтересен беше натпреварот помеѓу Напредок и Победа. По два пати погодија и едните и другите (2-2).
– Се уште сме во фаза на формирање не екипата и ваквите контроли добри користат да видам со што располагаме. Времето да се вооигра екипата е кратко, а од она што го забележав потребно ќе ни е уште едно засилување во последната одбранбена линија – рече новиот кормилар на Победа, Небојша Петровиќ
За Напредок прецизни беа Степаноски и единственото засилување засега Танчески, додека за екипата на Петровиќ погодија новајлијата Момироски и Ацески.