Охрид и “Билјани извори“ ќе бидат домаќини  на македонската селекција под 19 години, која ќе се воигрува за претстојните европски квалификации во Шпанија.


Два тест натпревари против соодветната репрезентација на Црна Гора ќе одиграат избраниците на Југослав Тренчески. Првата контрола ќе биде на 3 март во 14 часот, додека втората два дена подоцна на 5 март во 11 часот. 


Македонската репрезентација до 19 г. летоска во Охрид одигра пријателска средба со Албанија, која заврши без победник 1-1.

М.Постоловски