Пред вистински тест ке биде изложена македонската одбрана на “Лужники“ во Москва. За натпреварот во Русија во одбрамбениот бедем пред Милошески се враќа капитенот Седлоски кој поради црвениот картон на натпреварот со Хрватска го пропушти дуелот на „Градски“ со Изреал .
– Ја познаваме одлично руската селекција. Добро го паметиме мечот на „Градски“ каде бевме надиграни ,но одиме во Русија да се надигруваме, но и да се подготвиме што подобро за натпреварот портив Естонија кој се игра во Скопје на кој се надеваме на три бода – ни изјави капитенот Седлоски по завршувњето на тренигот на СРЦ „Билјанини извори“.
се тренира под полна пареа
Во стандардната тројка пред нашиот гол ке биде и Митрески, кој дел од својата кариера помина во Русија во дресот на Спартак Москва и добро ги познава избраниците на Гус Хидиник.
– Играме против една силна репрезентација која е еден од фаворитите во нашата група , и е дел од европскиот крем .Четири и пол години играв во Русија и ги познавам многу добро. Имаат добар селектор но играат тешко пред домашна публика бидејки императивот победа е на нивни плеќи .За нас најважно е да се подготвиме добро и да се вратиме не повредени. Играме во гости и нема што да изгубиме – рече Митрески.
од нога до нога
Ние растеретени патуваме во Русија, бидејќи подобро играме во гости. На досегашните гостувања бевме поразени од Хрватска 2-1 ,реми против Англија 0-0 ,а победивме против Андора 3-0 и Естонија 0-1.
– Не треба многу да се трошат зборови за руската селекција која е доста квалитетна ,но ние многу пати досега покажавме дека играме подобро на гости. Тие сигурно ќе нападнат но кога издржавме на Олд Трафорд зошто не би издржале во Москва – вели Васоски
Ги видовме сите репрезентации, а за очекување е некому да му ги замрсиме сметките вели капитенот Седлоски, според кого Хрватска е единствениот сигурен патник на ЕП.
текст:Мирко Постоловски
фото: Васко Бујароски
Горан Момироски