Поставена бината за концертот на Лени Кравиц во Охрид
На „Билјанини извори“ течат последните подготовки. Се поставуваат заштитни огради, се уредуваат трибините и тревнатиот простор. Исто така се обележуваат пристапите до стадионот и се проверуваат безбедносните аспекти. Во организацијата на настанот на годината во Македонија се вклучени околу 300 луѓе.
последни подготовки пред спектаклот на годината
Како што соопшти организаторот, Авалон продукција, пвобитно планираните влезници се распродадени и се очекува на концертот на Лени Кравиц во Охрид да присуствуваат околу 7-8.000 негови обожаватели. Концертот на Лени Кравиц на 3-ти август во Охрид кој се одржува во рамки на неговата светска турнеја започнува во 21ч. Лени Кравиц во Охрид ќе пристигне во недела.
Лени Кравиц на 3 август пее во Охрид