Како што веќе пишуваше Ohridnews неодамна трговците од 1 септември ќе можат да продаваат алкохол само доколку поседуваат лиценца за продажба на алкохолни пијалоци. Поради големиот број барања Министeрството најави дека одреден период по 1 септември трговците ќе можат да продаваат алкохолни пијалоци и без лиценца, но само доколку имаат поднесено барање за нејзино добивање. Лиценцата ќе чини 20.000 денари и ќе има важност две години.
Трговците по 1 септември задолжително ќе мора да ги издвојат алкохолните производи од останатите бидејќи според новиот закон тие не ќе може да продаваат алкохол по 19 часот навечер до другиот ден во шест часот.