Филмската компанија „Warner Bros“ му понудила на Тим Бартон режисерската палка за снимање на второто продолжение од филмскиот хит „Beetlejuice“, пишува The Hollywood Reporter. 

Продолжението на оваа хорор комедија уште минатата година беше одобри кога сценаристот Сет Греам-Смит, кој го напиша сценариото за филмот на Тим Бартон „Темни сенки“, и Дејвид Каџемберг се договорија околу заедничкото пишување на сценариото. Враќањето на Бартон на оваа 25 години стара приказна најверојатно би значело и дефинитивно започнување на проектот, пишува магазинот.

Меѓутоа, Греам-Смит на почетокот се двоумеше околу пишувањето на сценариото без одобрување од Бартон.

„Кога ‘Warner Bros’ ни пријде со таа идеа, рековме дека тоа ќе го сториме само доколку добиеме благослов и учество на Тим, и тоа е остварени“, изјавил Греам-Смит за американскиот магазин Entertainment Weekly.

Во тоа време, Бартон веќе ја имал улогата на продуцент во продолжението. Меѓутоа, непознато е дали насловната улога повторно ќе ја добие Мајкл Китон. Греам-Смит во дно интервју уште од 2011 година изјави дека тоа зависи од финализирањето на сценариото.

„Сѐ уште ништо не знае, бидејќи немаме конкретен филм кој можеме да му го претставиме на Китон“, рекол Греам-Смит.

Сценариото сѐ уште е во подготовка сега и најверојатно ќе му биде испратено на Бартон, пред да ја однесе одлуката за режирање на филмот.

„Beetlejuice“ е филмот за млада скоро почината двојка (го толкуваа Алек Болдвин и Џина Дејвис) кои го опседнуваа својот дом. Тие бараат помош од палавиот и брблив Бубосок био-егзорцист, за да го отераат несносливото и антипатично семејство коешто се вселило во нивната куќа, но наскоро откриваат дека „загризале повеќе отколку што можат да соџвакаат“.

Но сe уште е непознато за што ќе стане збор во продолжението. Долгоочекуваното продолжение ќе го продуцира „The Geffen Company“, којашто го продуцираше и оригиналот од 1988 година.

OhridNews
извор:„Макфакс„