На Балканскиот фестивал на народдни песни и игри, синоќа настапија КУД Светозар Марковииќ од Белград Србија и членовите на академијата АМТИИ од Пловдив Бугарија.
На третата фестивалска вечер ќе натапат албанскиот национален ансамбл од Тирана и ансамблот од колеџот во Бурска-Турција.
Приредбите се одржуваат на летната сцена Долни Сарај со почеток во 21 часот, а алтернативна сцена (во услови на дожд е Центарот за култура).
Балканскиот фестивал на народни песни и игри е меѓународна фолкорна манифестација, која е основана 1962 година. Првобитното име на фестивалот е ” Охридски фестивал на аматерските ансамбли на народни песни и ора”. Од 1967 година Фестивалот добива концепција на него да учествуваат вокално-инструментални состави и солисти кои ќе го презентираат автентичното народно творештво и традиционалната култура низ ората, игрите, песните, обредите, обичаите, народните носии, инструментите што се употребуваат во музиката и ракотворбите.