По барање на угостителските објекти кои што гравитираат на улиците  каде што беше најавена интервенцијата од РЕ Водовод Охрид, истата се одложува за во понеделник, 2-ри декември, од 09:00 часот.

Како што беше најавено, прекин во водоснабдувањето ќе има на следните улици: дел од „Партизанска“ од Факултетот за туризам и угостителство до пресекот со улицата „Асном“ , дел од Кеј. „Македонија“ од Хотел Милениум до пресекот со улицата „Асном“ и делот од улицата „Асном“ од пресекот од Кеј „Македонија“ до кружниот тек кај Бул. „Туристичка”.