Не стивнуваат реакциите по вчерашната Литија во Струга, на која и покрај забраните присуствуваа голем број верници. Според премиерот Оливер Спасовски, вчерашниот собир во Струга претставува сериозна неодговорност кон здравјето на граѓаните и неодговорност кон државата.
„Очекував дека навистина верските заедници ќе имаат поизразито чувство за животот и здравјето на граѓаните и како човек сум длабоко разочаран од постапката која се направи вчера во Струга“, рече Спасовски кој порача дека треба да се преземат мерки за санкционирање на организаторите, но и лицата кои не постапиле за да се спречи собирот на граѓаните.
Заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу објави дека ќе има казни за струшките полицајци и одговорност за надредените кои го дозволиле масовниот собир.
„Владините мерки и протоколи во врска со ковид-19 не се почитувани во вчерашниот религиозен настан во Струга. Почна постапката за одредување на одговорност. Ќе има одговорност, изјави Нухиу.
Од Основното јавно обвинителство денес информираа дека е отворен предмет за непочитување на здравствените прописи за време на Литијата во Струга