Нови коридори за евакуација од Мариупол и од Мелитопол најави денеска украинската вицепремиерка Ирина Верешчук, јави Си-Ен-Ен.
Како што појасни таа, коридорите ќе ги спојат двата града со Запорожје, што е на север и сè уште е под контрола на Украина.
Планирана е и централизирана евакуација со автобус од Бердјанск, град окупиран од Русија. На влезот на градот паркирани се 48 автобуси, додаде Верешчук.
OhridNews