Нови 30 странски инвестиции вредни околу 600 милиони евра најави преmиерот Заев во зооните ширум земјата. Три од нив во Охридско – струшкиот регион.

Во индустриската зона Охрид компанија од Германија отвара нов производствен погон. Вредноста на инвестицијата се проценува на 15 милиони евра, а ќе бидат отворени 100 нови работни места. Во ТИРЗ Струга фабрика отвара компанија од Германија, додека во Индустриска зона Струга ќе бидат отворени фарми за производство на бројлери и живинарски фарми на 11 локации. Вредноста на оваа инвестиција е 20 милиони евра, а ќе се креират нови 1000 работни места. Во моментов во функција е 30 отсто од капацитетот, а остатокот се гради. – изјави премиерот Зоран Заев при презентацијата на Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 во вредност од 8 милијарди и 175 милиони евра, посочувајќи дека во инвестицискиот план се вклучени и странски инвестиции кои претстојат.

 

Странските инвеститори и во услови на пандемија продолжуваат да инвестираат во земјава, се зголемува извозот и се најавени нови големи инвестициски циклуси, додаде Заев. Станува збор за неколку компании од Германија, од Белгија, САД, Швајцарија, Турција, Холандија, Словенија и други кои инвестираат во ТИРЗ-овите во Северна Македонија од повеќе индустриски сектори, како фармацијата, автомобилската, прехранбената, градежната индустрија, бројлерското производство, но и други области, рече Премиерот.

OhridNews