Компанијата „Британи ферис“ го најави најголемиот хибриден еколошки брод во светот, за 2024 година. Полуелектричното пловило наречено „Сен-Мало“, според соопштението, ќе биде долго 194,8 метри и има капацитет на батерија од 11,5 мегават-часови – приближно двапати поголем од оние што вообичаено се користат за хибридни бродови.
Овој брод ќе замени еден од постарите што досега пловат од пристаништето Сен-Мало во северозападна Франција до Портсмут, на југот од Англија.
„Британи ферис“ гордо води во одржливиот поморски превоз и работи со партнерите да донесе „почисти“ бродови во тие места каде што имаме свои задолженија. Хибридната технологија продолжува да ја унапредува нашата програма за обновување на флотата, проследено со воведување на два „ЛНГ“ брода. Од првиот ден од операцијата полза ќе имаат пристаништа како Сен-Мало во Франција и Портсмут во Обединетото Кралство. Енергетските можности на крајбрежјето овозможуваат реализација на корисни планови, како и инвестиции во хибридна инфраструктура, изјави Кристоф Матје, извршен директор на компанијата.
На бродоградежната индустрија и треба декарбонизација, бидејќи големите бродови се главен извор на штетниот јаглерод. Сепак, според познавачите, големината на бродовите и растојанијата што треба да ги минат претставуваат тешка задача за да се осмислат одржливи можности.
OhridNews