Театарската претстава „Самрак на боговите“, која вечрва е на програмата на Охридско лето, наместо на сцената „Долни Сарај“ каде што беше првично предвидена, ќе се одигра во центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот, информира управата на фестивалот.
Причина за промената на локацијата, е најавата за лоши временски услови во текот на вечерта.
„Самрак на боговите“ во продукција на СНГ Драма од Марибор, Словенија а во режија на Далибор Матиќ, е претстава што зборува за спротивставеноста на политиката и интимните манипулации, особено во поглед на меѓучовечките односи.
OhridNews