Викендов, на европската фудбалска сцена на програмата нема дерби пресметки но фаворитите, кои се борат за титулата во националниоте шампионати ќе бидат на сериозни испити.

  • Серија А

Лидерот на табелата во „калчото“, Милан  на домашен терен во дербито на колото го пречекува тимот на Аталанта. „Росонерите“ за сега добро се справуваат со резултатскиот притисок, а посериозен тест ќе имаат против Аталанта, на „Сан Сиро“.

Можеби не во почетниот, но во поширока конкуренција за дуелот со гостите од Бергамо би требало да биде новата аквизиција Марио Манџукиќ.

Второпласираниот Интер во новата рунда од Серија А гостува кај Удинезе. „Нероазурите“ на крилата од триумфот во дербито со Јувентус не би требало да имаат поголеми проблеми на „Фриули“.

Двојки: Беневенто – Торино, Рома – Специја, Милан – Аталанта, Удинезе – Интер, Фиорентина – Кротоне, Јувентус – Болоња, Џенова – Каљари, Верона – Наполи, Лацио – Сасуоло, Парма – Сампдорија

Табела: Милан 43, Интер 40, Наполи 34, Рома 34, Јувентус 33, Аталанта 33…

  • Примера

Екипата на Атлетико Мадрид ита кон титулата во Шпанија. Нов ривал на „јорганџиите“ е Валенсија, која е далеку од нивото на кое беше пред неколку сезони.

Атлетико Мадрид негува трвд и неизвесен фудбал, а прашање е колку Валенсија може да се спротистави и да пружи отпор на „Ванда Метрополитано“.

Гигантите, Барселона и Реал Мадрид во новата рунда од Ла Лига гостуваат кај Елче односно Алавес. Каталонците и „кралевите“ немаат премногу избор, туку мора да победуваат за да останат во каква-таква трка со Атлетико Мадрид.

Двојки: Леванте – Ваљадолид, Хуеска – Виљареал, Севиља – Кадиз, Реал Сосиедад – Бетис, Алавес – Реал Мадрид, Осасуна – Гранада, Елче – Барселона, Селта Виго – Еибар, Атлетико Мадрид – Валенсија, Атлетик Билбао – Гетафе

Табела: Атлетико Мадрид 44, Реал Мадрид 37, Барселона 34, Виљареал 33, Севиља 33, Реал Сосиедад 30….

  • Бундес лига

„Баварците“ полека ги местат коцките за нова титуала во Германија. Лајпциг се закана, но минатогодошниот учесник во 1/2 финалето во Лигата на Шампиони испушти непланирани бодови, ремизирајќи со екипите од долниот дел на табелата.

Баерн Минхен викендов ќе се сретне со фенерџијата Шалке. „Баварците“ во минататото немале многу милост за Шалке, кој од „Алијанц арената“ заминувал со седум или осум погодоци во мрежата.

Двојки: Борусија Менхенгладбах – Борусија Дортмунд, Арминија Билифилд – Ајнтрахт Франкфурт, Аугсбург – Унион Берлин, Баер Леверкузен – Волфсбург, Фрајбург – Штутгарт, Мајнц – Лајпциг, Херта – Вердер Бремен, Шалке – Баерн Минхен, Хофенхајм – Келн

Табела: Баерн Минхен 39, Лајпциг 35, Баер Леверкузен 32, Борусија Дортмунд 29, Волфсбург 29…

  • ФА Куп

Фудбалските возбудувања во англискиот фудбал се резервирани за мечевите од ФА купот. Во фокусот на јавноста ќе биде големото англиско дерби, помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул, на „Олд Трафорд“. Дуелот се игра в недела во 18 часот.

Двојки: Кроли – Вулверхмемтон, Саутемптон – Арсенал, Барнсли – Норвич, Брајтон – Блекпул, Милвол – Бристол Сити, Шефилд Јунајтед – Плимут, Свонси – Нотингем, Вест Хем – Донкастер, Челтенам – Манчестер Сити, Челси – Лутон, Брентфорд – Лестер, Фулам – Барнли, Манчестер Јунајтед – Ливерпул, Евертон – Шефилд Вендсдеј.

OhridNews