Парцијалните забни протези кои припаѓале на славниот британски премиер од времето на Втората светска војна, Винстон Черчил, биле ставени на аукција во Норвич, Англија. Тие биле проценети на износ од 4 до 5 илјади фунти, а на продажба биле ставени од синот на протетичарот кој ги изработил.
Еден сет од неговите протези е изложен во Кралскиот колеџ за хирургија, а со третиот сет Черчил бил погребан. Британскиот премиер живеел во постојан страв од губење на протезите, поради што со себе секогаш носел еден резервен сет.