Виолина, извадена од остатоците на бродот Титаник, кој потонал во април 1912 година, наскоро ќе се најде на аукција и нејзината цена би требало да биде нешто под половина милион долари. Додека бродот тонел, музичарите од бродскиот оркестар на Валас Хенри Хартли свиреле во целиот тој хаос како би ги смириле луѓето во паниката и стравот.

Сите музичари погинале во несречата, но ќе останат запамтени како историски херои на големата трагедија. Не е познато кој од споменатите музичари свирел на виолината која треба да се најде на продажба.