Неодамна откриена колекција на акварели на Хитлер, која на крајот на месецов ќе биде ставена на аукција би можела да достигне цена поголема од 150 илјади фунти, сметаат експертите на една од ретките аукциски куќи кои се согласиле да ја организираат аукцијата. Акварелите, најчесто селски пејсажи, настанале околу 1908 година кога тогаш сеуште непознатиот Адолф Хитлер се обидувал да се пробие како сликар.


Идниот нацистички лидер два пати безуспешно се обидел да се запише на ликовната академија во Виена. Многу истражувачи кои го проучувале неговиот живот сметаат дека поради неможноста да се запише на академијата и да го оствари својот сон да стане сликар, Хитлер започнал да ја развива својата мрачна страна и станал чудовиште какво што го паметиме.