Тост кој му бил сервиран на принцот Чарлс за доручек на денот на венчавката со покојната принцеза Дијана во 1981 година, ќе се најде на аукција на 19 јули во Велика Британија, а почетната цена изнесува 500 фунти.

Ова парче леб кое е старо 31 година ќе се најде на аукција благодарение не Роузмари Смит, чија ќерка била слугинка во кралската палата речиси три децении.

Протоколот и забранува на пензионираната слугинка да зборува за времето додека работела за кралското семејство. Но, нејзината 83 годишна мајка вели дека едно од задолженијата на нејзината ќерка било да го зема послужавникот од доручекот на принцот Чарлс. Таа на денот на венчавката била со неа и видела дека принцот го оставил тостот, па го зела и го сочувала за спомен во керамички сад на својата полица.