Досега необјавена фотографија на американската актерка Анџелина Џоли во топлес ќе се најде следниот месец на аукција во Лондон, било соопштено од аукциската куќа Кристи. Фотографијата, на која актерката позира со коњ и на која се гледа тетоважата посветена на тогашниот сопруг Били Боб Торнтон, била снимена во 2001 од Дејвид ла Шапел, а почетната цена изнесува 40 илјади долари, пренеле медиумите.
Црно-бела фотографија, на која Џоли и Бред Пит позираат како маж и жена за Стивен Клајн во 2005 година пред да станат официјален пар, исто така ќе се најде на аукцијата, и се очекува дека ќе достигне цена од околу 15 илјади долари.