Картата за кобното патување со Титаник, која е дел од збирката на последната преживеана американка од тој брод, се продава на акукција.
Збирката се состои од стотина предмети, меѓу кои е и џебен часовник кој наводно застанал во моментот кога Титаник потонал во 1912 год.
Предметите припаѓале на Лилиан Асплунд, последната американка преживеана од Титаник. Таа почина во 2006 година на 99 годишна возраст.
Експертот за аукции Ендрју А. вели дека за таа збирка има неверојатен меѓународен инерес, па на телефонската линија се јавуваат понудувачи од САД, Франција и Кина.
Лилиан Асплунд имала 5 години кога била на првото патување од Титаник и кога бродот удрил во санта мраз и потонал. Нејзиниот татко и трите браќа и сестри погинале меѓу 1500 жртви.