Пар сандали и неколку други лични предмети на Махатма Ганди ќе бидат продадени на аукција која ќе се одржи на 21 мај во Ладло, Англија, соопштила аукциската куќа Мулокс. Најавена како една од најголемите збирки сувенири поврзани со Махатма Ганди, колекцијата во пунудата опфаќа писма, литографија, слики, фотографии, аудио снимки, чинии и едно ленено капче. На лицитацијата ќе се најде и шал исткаен од самиот Ганди, како и документ кој го носи неговиот потпис и ги содржи негвоите последни интрукции, а кои аукциската куќа ги проценува на 40 илјади фунти.
Купувачите ќе можат да наддаваат и за пар кожни сандали кои потекнуваат од куќата на Ганди во близина на Бомбај. Сандалите, кои се износени и во приличо лоша состојба, се проценети на 10 до 15 илјади фунти. Легендата вели дека Ганди, трчајќи по воз загубил една од сандалите. Не сакајќи да го пропушти возот кој се движел, одлучил да ја фрли и другата, како би можеле на некого да му се најдат, што е совршена илустрација за неговата филозофија на дарежливост и прагматизам. Тој бил еден од основачите на индиската современа држава. Еден индиски бизнсмен за шар негови кожни сандали, часовник и чинија во 2009 година платил 1,8 милиони долари.