Боксерски ракавици кои му припаѓале на светскиот шампион во бокс Мохамед Али ќе бидат продадени на аукција која ќе биде одржана на 31 јули во Далас, во американската држава Тексас. Според американските медиуми, се очекува ракавиците да достигнат цена од 500 илјади долари. За нив преку интернет веќе е дадена понуда од 125 илјади долари.

Поранешниот шампион во тешка категорија ги носел ракавиците, денес во сопственост на неговиот тренер Андел Данди, во 1971 година на мечот против својот голем ривал Џо Фрејзер кој бил победник во тој дуел, прецизирала аукциската куќа. Мохамед Али, троен светски шампион во тешка категорија, веќе неколку години боледува од Паркинсонова болест.