Првите фотографии на Мерлин Монро и авторските права над нив ќе се најдат на аукција во декември во Калифорнија. Фотографиите кои ги направил Џозеф Џасгур, негативите, и авторските права на фотографиите ќе бидат продадени на аукција организирана од аукциската куќа „Џулијан“.


Еден судија за банкрот на Флорида рекол дека фотографиите кои биле направени 1946 година ќе бидат продадени како би се подмириле судските долгови на фотографот. Директорот на аукциската куќа „Џулијан“, Дарен Џулијан, рекол дека фотографиите не се покажани во јавност поради судскиот спор кој се водел повеќе од 20 години. Тој напоменал дека аукцијата е многу важна бидејќи многу ретко се доаѓа во можност да се купат и авторските права за фотографии на Мерлин Монро.