Единствениот познат примерок на првата официјална банкнота штампана во Австралија, кој е пронајден во Шкотска, би можел да биде продаден за најмалку 250 австралиски долари на аукција воп Сиднеј подоцна овој месец. Банкнотата од десет шилинзи, која по наредба на гувернерот на Јужен Велс Лахлан Меквери во 1817 ја издала банката на Нов Јужен Велс на денот на своето отворање, веројатно ќе привлече заинтересирани од целиот свет. Џим Нобл од Нобл Нумизматикс, кој ќе ја води аукцијата, рекол дека банкнотата била откриена во приватна колекција во Шкотска во 2005 година и дека тамо ја однел или Меквери или некој од неговииот персонал. Банкнотата подоцна ја купил приватен колекционер кој сега ја продава.
Нобл рекол дека тоа е многу важен, прекрасен историски предмет. Меквери пристигнал во Сиднеј во 1809 година и ја затекнал колонијата во криза и без стабилен монетарен систем. Како нов гувернер имал големи овастувања да ја преуреди колонијата, но Лондон одбил да отвори банка во австралија. За да го премости недостатокот на монето во 1812 увезол 10 илјади фунти во шпански монети од Индија и во 1813 година е искован првиот „холи долар“ кој минатата година бил продаден на аукција за рекордни 495 илјади австралиски долари. „Холи долар“ не бил доволен и во 1816 години повторно се отворила прашањето за банка, на што овој пат Лондон се согласил и во април 1917 година е отворена Банката на Нов Јужен Велс. Првиот ден биле издадени 100 банкноти од 10 шилинзи а примерокот 55 е единствениот кој преживеал.