Аукционерот Дарен Џулиен изјавил дека некои предмети кои и припаѓале на покојната пејачка Витни Хјустон ќе се најдат на „ин мемориам“ аукција на холивудските ѕвезди. Меѓу предметите ќе бидат црниот фустан и обетките кои ги носела во филмот „Телохранител“. Аукцијата ќе се одржи на крајот ма месец март.
Долгиот црн фустан бил проценет на илјада долари, но сигурно ќе достигне многу повисока цена, додека бисерните обетки биле проценети на 600 долари. Обожавателите на Витни Хјустон ќе можат да се натпреваруваат преку интернет, по телефонски пат или лично на аукциите кои ќе се одржат на 31 март и 1 април во аукциската куќа „Џулиенс“.