По повод 50 годишнината од филмскиот серијал за Џемс Бонд аукциската куќа Кристи ќе стави на лицитација 51 предмет, поврзани со најпознатиот фиктивен агент на светот. Аукцијата, која ќе трае до 8 октомври, и приходот ќе биде наменет за разни хуманитарни организации. Еден од настаните кои ќе бидат организирани ширум светот во знак на одбележување на половина век од прикажувањето на првиот филм со Џемс Бонд „Доктор Но“. На продажба ќе бидат понудени 50 предмети, од кои најевтините имаат почетна цена од 1000 фунти.


Меѓу оние кои се очекува да постигнат најголем интерес е намалена копија од автомобилот Астон Мартин кој е користен во филмот за Џемс Бонд “Skyfall”. Во понудата ќе има и едно специјално издание од шампањското Болингер по цена од 15 илјади фунти, но и неколку помали предмети како што е шпил тарот карти со кои Џејн Сејмур ја предвидува иднината во филмот „Живеј и остави другите да умрат“, како и ременот со златен копец во форма на куршум кој го носи Кристофер Ли во улогата на негативецот Сакараманга во филмот „Човекот со златен пиштол“.