Обожавателите на кралица на попот Мадона во ноември ќе можат на аукција да набават некои предмети од нејзиниот личен и професионален живот, соопштила куќата Џулиенс. Реквизити од спотовите за нумерите “Materijal Girl”, “Music” и “American Pie” ќе бидат понудени на аукција на 7 и 8 ноември на Беверли Хилс.

На аукцијата ќе се најдат и повеќе од 30 предмети од филмот на Мадона „Евита“ од 1996 година. Џулиенс наведува дека на аукцијата ќе се најдат и некои од наградите кои ги освоила Мадона, вклучувајќи ги и MTV видео музичката награда како и Американ Мјузик наградата, како стихови, дневник, чекови и други предмети на пејачката.