Аукциската куќа Сотби понудила на продажба прамен од косата на познатиот композитор Волфланг Амадеус Моцарт, кој е сместен во позлатен медалјон кој се носи околку вратот. Откако Моцарт умре во 1791 година, неговата вдовица ја дала неговата коса на мајката на германскиот композитор Карл Аншулц. Потоа косата ја набавил британскиот композитор Артур Сомервел и сега неговото семејство ја понудило на продажба.
Аукцијата е закажана за четврток, 28 мај, а косата е проценета помеѓу 15 и 19 илјади долари. На аукцијата ќе се најде и прамен од косата на Лудвиг ван Бетовен, како и повик на неговиот погреб во 1827 година и тие две нешта се проценети на помеѓу 3100 и 4600 долари. Земањето на прамени од косата на композиторите за спомен било вообичаено нешто во 18 и 19 век.