Пиштолот кој Шон Конери го користел во рекламниот материјал за четири филма за најпознатиот агент на светот Џејмс Бонд, на 28 јули ќе се најде на аукција во Лос Анџелес. Воздушниот пиштол “Valter PPK” последен пат бил виден минатиот декември на аукција во Сотби, кога бил продаден за речиси 200 илјади долари.

Овој пат се очекува да достигне сума од 300 илјади долари. Првиот постер на кој Шон Конери позира со пиштолот бил направен во 1963 година за филмот „Од Русија со љубов“. Плакати на кои шкотскиот актер се појавува со пиштолот биле направени и за филмовите “Goldfinger”, „Операција гром“ и „Само два пати се живее“.