Автомобил „мерцедес бенз“ кој му припаѓал на боксерската легенда Мухамед Али би требало да достигне цена од 1,5 милиони долари кога следниот месец ќе се најде на аукција. Освен што во него се возел најголемиот боксер на сите времиња, “golden angel wing” е посебен и по тоа што неговата каросерија и дел од внатрешноста се обложени со 23-каратно злато и тоа што е украсен со повеќе од 270 скапоцени камења, меѓу кои рубуни, сафири, смарагди и дијаманти. Внатрешноста на возилото, на кое се истакнати арапски симболи, е прекриена со крзно.

Според каталогот за продажба, автомобилот е произведен на почетокот на осумдесеттите години од минатиот век како копија на мерцедесот 220S од 1959 година за член на едно истакнато кралско семејство. Како голем вљубеник во боксот и обожавател на Мухамед Али, неименуван монарх одлучил да му го подари автомобилот на трикратниот светски шампион. боксерот, кој го поседувал мерцедесот две години, го користел во специјални прилики, но никогаш не го возел сам, туку тоа го препуштал на возачот. Моменталниот сопственик ма мерцедесот, кој сакал да остане анонимен, изјавил дека сите пари од продажбата ќе ги донира во добротворни цели.