Фотографии на Мерлин Монро, кои славниот фотограф Џорџ Берис ги снимил во јули 1962 година, само три седмици пред нејзината смрт, ќе бидат продадени на интернет аукција од 10 до 15 март. Станува збор за шесте последни професионални фотографии од поипсот на Берис и се очекува да достигнат цена од 36 илјади долари. Фотографиите требало да се најдат во неговата книга за најубавата холивудска блондинка, но Берис, дознавајќи за прераната смрт на својата пријателка бил толку погоден што се откажал од книгата.
Очајниот фотограф со години после тоа одбивал да ги објави овие фотографии. Рекол дека кога прв пат ја видел, мислел дека е најубавата личност која ја запознал. Потполно паднал на нејзиниот шарм и убавина. Најмногу му се допаѓало тоа што не се однесувала како филмска ѕвезда. На снимањето била љубезна со сите.