Портретот на актерката Кејт Винслет, кој во филмот „Титаник“ бил прикажан како да го слика нејзиниот колега Леонардо ди Каприо, бил понуден на аукција и се очекува дека ќе достигне цена поголема од 11 илјади евра. Во филмот од 1997 година, Ди Каприо го толкува ликот на Џек Досон кој запознава и се вљубува во убавица од повисоката класа, односно Роуз Калверт чиј лик го толкува од Кејт Винслет.


Роуз во филмот од Џек побарала да ја наслика гола додека таа позира во бродската кабина, а на себе ја имала само дијамантската огрлица „Срцето на океанот“. Сликата на аукција ќе биде понудена од американската компанија “Premier props”.