Портрет на гола Лејди Гага кој го насликал музичарот Тони Бенет ќе се најде на интернет аукција. Тони цртежот го направил еден ден откако со Лејди Гага снимил дует, а сите пари од продажбата ќе одат во хуманитарни цели.
Покрај тоа, во продажба ќе се најдат и постери со автограми на планетарно популарните Лејди Гага и Тони Бенет, а нивните фанови за нив ќе имаат можност да лицитираат преку интернет.