За помалку од две седмици откога холивудската актерка Анџелина Џоли објави дека направила двојна мастектомија, шведксиот уметник Јохан Андерсон насликал нејзин портрет без гради, кој ќе се најде на аукција. Маслото на платно, како што пренеле медиумите, се очекува дека ќе достигне цена од околу 22 илјади долари, а целиот приход ќе оди во хуманитарни цели.
Андерсон во соопштението објаснил дека тоа што го сторила Анџелина Џоли го сфатил лично, бидејќи и неговата мајка имала рак на дојката. Тој рекол дека неговата мајка имала агресивен рак на дојката кога имал 15 години. Андерсон е познат по тоа што направил и портрет на починатата пејачка Ејми Вајнхаус.