Американската аукциска куќа “Bonems end Baterfilds” ставила на аукција колекција од 600 лични предмети на славните холивудски личности меѓу кои најпознати се Мерлин Монро, Грета Гарбо, Алфред Хичкок и други. Се претпоставува дека голем интерес ќе предизвика писмото на Мерлин Монро, чие вистинско име било Норма Џин, во кое ја опишува венчавката за Џим Доерти, со кого се венчала кога имала само 16 години.
Писмото би можело да се продаде за најмалку 35 илјади долари. На аукцијата ќе се појави и автопортрет на Алфред Хичкок, чија продажна цена би можела да ги надмине превидените 2000 долари. Исто така ќе биде понудена и копија од договорот за соработка помеѓу Грета Гарбо и филмската куќа „Метро Голден Маер“.