Аукциската куќа RR ставила на продажба медицински картон и рачно пишувано писмо на чикашкоот гангстер Ал Капоне кој детално ги опишувал неговите последни години од животот и проблемите со здравјето поради сифилисот. Неговото писмо до лекарот било датирано на 25 август 1941 година, две години откако ја отслужил затворската казна за затајување данок. Во тоа време пател од деменција и лекарите утврдиле дека неговата ментална „возраст“ варира од 7 до 14 години.

Во долгото писмо лекарот на Капоне од Мајами му пренел на друг лекар дека има намера да најми медицински помошник кој ќе глуми шофер како би ја заштитил јавноста од неиспровоцираните изливи на бес на дементниот и нестабиле Капоне. Наддавањето за овие предмети завршува на 19 јуни.