Пиштолот на најпознатиот мафијаш, Ал Капоне, наскоро ќе се најде на аукција, пишуваат странските медиуми. Пиштолот марка Колт 38 бил произведен 1929 година, само три месеци откако Ал Капоне ги нарачал убиствата на седум свои ривали на денот на вљубените.


Пиштолот на аукциската куќа бил понуден од страна на приватен колекционер, кој заедно со пиштолот приложил и писмо на Ал Капоне со кое ја потврдува автентичноста на оружјето. Се очекува пиштолот да достигне цена повисока од 80 илјади евра.