Дел од богатата колекција од накитот на Елизабет Тејлор, чија вредност се проценува на 150 милиони долари, наскоро би можел да се најде на аукција во Њујорк. Добро е познато дека неодамна починатата актерка обожувала скапоцени камења и дека за време на својата кариера добила поголема количина накит, како од своите љубовници и сопрузи, така и од продуцентите со кои соработувала.


Сопственикот на една позната златара на Беверли Хилс рекол дека имала посебен однос кон накитот. Секогаш кога ги покажувала скапоцените камења, зборувала за нивното потекло и квалитет со мнгу голема страст. Иако поседувала голем број скапоцени камења, најдраг и бил прочуениот „Тејлор-Бартон“, дијамант од 69 карати, за кој Ричард Бартон своевремно платил милион долари.