Изданието на книгата „Птиците на Америка“ на американскиот орнитолог и сликар Џон Џејмс Одибона, која пред десет години била продадена за рекордни 8,8 милиони долари, наскоро повторно ќе се најде на аукција. Лицитацијата на оваа заедно со уште неколку ретки книги, ќе биде организирана во декември во организација на аукциската куќа Сотби.
Книгата на Одибона се смета за најдобрата сликовница на сите времиња. Овој пат би можела да биде продадена за повеќе од девет милиони долари. Книгата е со висина од речиси еден метар, а во Америка ужива статус на национален споменик и содржи слики на птици во природна големина заедно со детален научен опис. На светот денес постојат само 119 копии од оваа книга, а повеќето се сопственост на музеи, библиотеки и универзитети.