Најголемиот син дијамант на светот, чија вредност се проценува на 21 до 25 милиони долари, ќе се најде на аукција следниот месец во Женева, пренесуваат електронските медиуми. Аукциската куќа Кристи го претставила дијамантот од 13,22 карати за кој не се знае точно од каде е изваден. Проценителите претпоставуваат дека е од Јужна Африка каде се пронајдени повеќето сини дијаманти.
Шефот за накит од Кристи, Рахул Кадакиа, рекла дека каменот е чист и нема никакви неправилности. Едноставно тоа бил најдобриот син дијамант на светот. Сините дијаманти се многу ретки и чинат помалку од два проценти од вкупниот пазар на дијаманти. Сопственикот, кој долго го поседува овој дијамант, сакал да остане анонимен, а за продажбата се одлучил бидејќи мисли дека сега може да постигне добра цена.