Бундата која легендарниот мајстор на боречките вештини Брус Ли на носел во еден од своите филмови, ќе биде понудена на аукција заедно со уште 12 предмети кои му припаѓале на покојниот актер. Организаторите на аукцијата предвидена за 6 август во Хонг Конг процениле дека продажбата би можела да донесе заработка од околу 113 илјади американски долари.
Се работи за веројатно најзначајната продажба на сувенири и лични предмети на Брус Ли во Хонг Конг, градот во кој пораснал пред да се пресели во САД. Меѓу предметите кои ќе бидат понудени на аукцијата се писмо кое го напишал во 1966 година на еден свој пријател, членска книшка за кунг фу клуб и лична карта. Властите во Хонг Конг се откажале од намерата да основаат музеј посветен на Брус Ли во јуни оваа година, поради спорот со сопственикот на куќата во која актерот живеел.