Аукциската куќа „Херман Хисторика Минхен“ овие денови во Минхен организира аукција која предизвикува големо интересирање, но потенцијално може да доведе и до негативни реакции. Имено, во прашање е продажба на личните предмети за секојдневна употреба кои му припаѓале на Адолф Хитлер, а меѓу нив ќе се најдат неговата сребрена табакера, лажичка за шекер со грбот на Рајхот и сребрен прибор за јадење со иницијалите А.Х.
Очилата за читање на диктаторот, кои поради суетата ретко ги носел во јавноста, ќе бидат понудени по почетна цена од 4800 евра, а се очекува големо внимание да привлече и специјалното издание на злогласната автобиографија „Мајн Кампф“, со лична посвета за Рудолф Хес која гласи: „На мојот верен сопатник Рудолф Хес од Адолф Хитлер – Минхен, 17 октомври 1925.“. Нејзината почетна цена изнесува 5000 евра.