На интернет страната eBay на продажба се нашло и парче хартија од историјата на папите, односно личната карта на Албин Лучијани, познат како папата Јован Павле Први. Документот бил издаден во 1978 кога Јован Павле Први сеуште бил венецијански кардинал.


Италијанскиот весник Газетино пишува дека личната карта била продадена за 5200 евра, а сите пари ќе бидат искористени во хуманитарни цели. Јован Павле бил избран за папа во август 1978 година, а владеел само 33 дена. Некои извори тврдат дека бил отруен, бидејќи имал цврста намера да ги расчисти односите во ватиканското банкарство.