Неколку лични предмети кои Наполеон Бонапарта ги користел во последните денови од својот живот ќе бидат понудени на аукција во францускиот град Фонтенбло. Познатиот француски император и војсководец умрел ноќта помеѓу 4  и 5 мај 1821 година на островот Света Елена каде бил протеран и држен во заробеништво. Најмногу интерес на лицитацијата се очекува за кошулата во која Наполеон умрел, а која сеуште има траги од пот на јаките.

Аукциската куќа Озена, која ја организира продажбата, овој предмет го проценила на 40 илјади евра. Меѓу останатите предмети се и газите со кои било бришено челото пред неговата смрт како и прамет од царевата коса. Колекционерите, исто така, ќе можат да лицитираат за неговиот нож со писма од слонова коска, неговиот стап за прошетки по островот и неколку десетици писма. Како што пренесуваат француските медиуми, сите понудени предмети потекнуваат од колекција која од островот ја донел Ашил Тома Аршембо, еден од слугите на Наполеон кој тргнал со него кога во 1815 година бил протеран на овој далечен и непристапен остров.