Ретка камена статуа на коњ, со висина од околу два метри, од времето на кинеската династија Минг е ставена на аукција во Дорсет, а почетната цена изнесува околу 163 илјади долари. Оваа скулптура била една од шесте кои стоеле покрај патот кој водел кон влезот на гробницата на владетелите во јужна Кина. Статуата датира уште од 14 или 15 век и е ставена на аукција откако умрел нејзиниот сопственик.
Била сместена во градината на сопственикот, кој ги увезол сите шест коњи во Велика Британија околу 1970 година. Камениот коњ е со големина на вистинско мало пони и тежи повеќе од два тона. За оваа статуа е смета дека потекнува од Нанјинг, некогашниот главен град на Кина, кој се наоѓа во југозападниот дел од земјата.